![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/12/kol-palmer-celsi-7.jpg)
Минатогодишното откритие на англиската Премиер – лига, Кол Палмер, се најде на радарот на Реал Мадрид и претседателот Флорентино Перез.
Реал Мадрид секогаш се стреми да се засили со најдобрите играчи во светот. Флорентино е јасен дека за продолжување на доминацијата во Европа клучно е да се потпишат елитни фудбалери. Во последните месеци, имиња како Џамал Мусијала и Флоријан Вирц се поврзуваа со „Сантијаго Бернабеу“.
Сепак, како што минува времето, се чини дека нивните трансфери стануваат сè помалку веројатни. Ниту еден од нив не дал никакви индикации дека наскоро сака да ја напушти Бундес-лигата. Поради ова раководството на Реал Мадрид да се насочи кон нова опција со голем потенцијал.
Во Премиер – лигата неодамна се појави име што привлече внимание од големите европски клубови. Неговата техника, визија и голгетерска способност го направија еден од најперспективните играчи во денешниот фудбал. Неговите настапи беа толку извонредни што во некои статистички аспекти дури ги надмина и Мусијала и Вирц.
За време на неговиот престој во Манчестер Сити, мораше да се задоволи со споредна улога. Недостатокот на можности го натера да донесе ризична одлука – да ја промени средината и да бара минути на теренот.
Промената му овозможи да го покаже својот целосен потенцијал. Откога му се приклучи на Челси, блеска во Премиер – лигата, а сега Реал го планира како засилување за следната сезона.
Станува збор за Кол Палмер, кој минатата сезона експлодираше со Челси и го изненади целиот фудбалски свет. Брзо ги увери сите дека е играч за големи работи, иако во Манчестер Сити беше во втор план.
Гласините за негов можен трансфер во Реал Мадрид се засилија во последните недели. Од Англија тврдат дека интересот е реален и дека играчот би бил подготвен за големиот чекор. Сепак, Челси нема да ја олесни ситуацијата и може да бара рекордна сума за да го ослободи.
Ако неговиот трансфер се реализира, Кол Палмер ќе се приклучи на листата на англиски фудбалери кои играле за Реал Мадрид. Личности како Дејвид Бекам, Мајкл Овен и Стив Мекманаман оставија голем печат во славниот клуб. Сега, Палмер би можел да тргне по нивните стапки и да стане клучен дел од нападот на Реал Мадрид, каде што би ги здружил силите со својот сонародник од репрезентацијата, Џуд Белингам.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/atalanta-so-verona-333.avif)
Евро-фудбал
Покер на Ретеги, Аталанта ја декласира Верона
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/12/kol-palmer-celsi-7-80x80.jpg)
Евро-фудбал
Реал Мадрид тргнува по Кол Палмер
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/livakovic-fenerbahce-80x80.jpg)
Евро-фудбал
Баерн го купува голманот Ливаковиќ од Фенербахче
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/stefan-ristovski-dinamo-6-80x80.jpg)
Интернационалци
Канаваро: Ристовски ми пружи рака, ако не – ќе го убиев!
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/10/lautaro-martinez-so-zvezda-80x80.jpg)
Евро-фудбал
Арсенал се фокусира на Лаутаро Мартинез
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/elmas-torino-4-80x80.jpg)