
Реал Мадрид летово остана без Карим Бензема, кој замина во Саудиска Арабија. „Кралевите“ го доведоа Хоселу, а од стартот на сезоната блеска Џуд Белингам, кој постигна десет гола и забележа три асистенции.
Англичанецот е првото име на Реал Мадрид оваа сезона, но „кралскиот клуб“ сака да донесе вистински напаѓач во тимот и се сврте кон Англија.
Флорентино Перез ќе се обиде во Реал Мадрид да го доведе 23-годишниот аргентински напаѓач, Хулијан Алварез.
Момчето проценето на 80 милиони евра има договор со Манчестер Сити до летото 2028 година, а „кралскиот клуб“ има намера да ја понуди споменатата сума.
Јасно е дека поканата на Реал Мадрид е тешко да се одбие, па Пеп Гвардиола би можел да остане без напаѓачот доколку тој реши да каже „збогум“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
