
Повредата на Давид Алаба е вкупно 20-та што го снајде играч на Реал Мадрид оваа сезона. Австрискиот интернационалец синоќа ги скина вкрстените лигаменти на коленото поради што ќе биде надвор од терените околу 8 месеци.
Едер Милитао и Тибо Куртоа ги претрпеа истите повреди во текот на летото.
Меѓу останатите играчи на „кралевите“, кои веќе имаа повреди или се уште ги лекуваат, се Арда Ѓулер, Едуардо Камавинга, Ферлан Менди, Даниел Карвахал, Винисиус Жуниор…
Честите повреди веројатно беа причина за одлуката на клубот да го отпушти главниот доктор Нико Михиќ пред еден месец.
Наспроти позадината на сите овие проблеми, тимот на Карло Анчелоти сè уште е предводник во Ла Лига (пред денешниот натпревар во Џирона), се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите, допрва треба да го започне учеството во Купот на Кралот и е пред борба за шпанскиот Суперкуп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
