Connect with us

Реал Мадрид се вклучува во трката за Шкриниар

Европскиот првак Реал Мадрид на почетокот на јануари ќе се вклучи во трката за потписот на Милан Шкриниар. На сличен начин ова лето го доведе Антонио Рудигер од Челси како слободен агент, а Флорентино Перез сака да продолжи со реновирање на одбраната со доведување и на Шкриниар.


Наводно „кралевите“ се спремни да му понудат 10 милиони евра по сезона на словачкиот дефанзивец. Договорот на Шкриниар со Интер истекува на крајот на сезоната и од јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови.

ПСЖ е се уште сериозно заинтересиран, но во трката за неговиот потпис се приклучи и Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови