Левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, не е веќе приоритет за Реал Мадрид.
Како што пренесуваат мадридски извори, Канаѓанецот повеќе не е приоритет, а причината за тоа се добрите партии на Ферлан Менди, кој добиваше пофалби од Карло Анчелоти во повеќе наврати.
Французинот очекува нова понуда за продолжување на договорот со Реал, бидејќи е интересно дека досега не добил зголемување на платата откако пристигна летото 2019 година.
Освен него, тука е и младиот Фран Гарсија, така што Алфонсо Дејвис не е приоритет, особено затоа што следното лето станува слободен агент, ако не потпише нов договор со Баерн Минхен.
Баварците не можат да се договорат со Алфонсо Дејвис, кој има преголеми барања, така што сега изгледа дека ќе мора повторно да седнат на преговарачка маса.
Дејвис уште како тинејџер пристигна во Минхен од Ванкувер и стана еден од најдобрите леви бекови во Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













