Реал Мадрид сака официјално да го претстави Килијан Мбапе пред почетокот на Европското првенство во Германија кое започнува на 14 јуни, пренесува „Марка“.
Шпанскиот гигант се обидува да добие дозвола од сегашниот клуб на францускиот репрезентативец Пари Сен Жермен за претходен трансфер, бидејќи актуелниот договор на 25-годишниот Мбапе истекува на 30 јуни.
14-кратниот европски клупски шампион планира да одржи церемонија за потпишување на Французинот меѓу 3 и 9 јуни.
Килијан Мбапе најави заминување на францускиот шампион како слободен играч на 10 мај.
Во сезоната 2023/24, напаѓачот постигна 44 гола и направи 10 асистенции на 47 натпревари со францускиот тим во сите натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













