Connect with us

Реал Мадрид сака да го доведе Мбапе во јануари

Реал Мадрид ќе се обиде да го доведе Килијан Мбапе во зимскиот преоден рок, шест месеци пред истекот на неговиот договор со Пари Сен Жермен. Французинот призна дека побарал да си замине од Париз ова лето, за да му помогне на клубот да заработи, односно да не замине бесплатно по истекот на договорот.


„Кралевите“ се надеваат дека ќе можат да го доведат во јануари за минимално обештетување. Малку е веројатно дека ПСЖ ќе се сложи на разделба на зима, но, сепак, не може да го спречи Мбапе да потпише преддоговор со Реал Мадрид, бидејќи тој може слободно да преговара со нови клубови веќе од 1 јануари.
Реал Мадрид сигурно ќе се обиде бидејќи и нема што да загуби, може само да го освои Мбапе оваа сезона во борбата за трофеи.

ПСЖ не е убедлив, иако го победи Манчестер Сити и е првопласиран во групата од Лигата на шампионите, а е лидер и во францускиот шампионат. Лионел Меси не е во форма и не „кликна“ со Мбапе и со Нејмар во затрашувачко трио, како што се очекуваше.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови