
Финалето на Интерконтиненталниот куп оваа година ќе биде драматичен натпревар меѓу два тима од различни континенти – европскиот првак Реал Мадрид и мексиканскиот Пачука. Натпреварот ќе се одигра вечерва на стадионот „Лусаил“ во Доха, Катар, со почеток во 18 часот, и ќе претставува вистински фудбалски спектакл.
Реал Мадрид, клуб со огромна историја и традиција, ќе има шанса да го освои својот 110-ти трофеј, доколку победи во овој финален натпревар. Тимот на Реал Мадрид пристигна во Катар без да одигра некој натпревар пред финалето, што значи дека нивниот пат до титулата ќе биде краток и сѐ ќе зависи од денешниот дуел.
Добрата вест за „кралевите“ е враќањето на Килијан Мбапе, кој после повредата најверојатно ќе стартува во нападот, заедно со Винисиус Жуниор, кој го освои признанието за фудбалер на годината во изборот на ФИФА. Со овие два квалитетни напаѓачи, Реал Мадрид ќе се надева на квалитетна игра и на нов голем трофеј во витрините.
Од друга страна, Пачука, мексиканскиот тим кој со својот пат до финалето ја изненади фудбалската јавност, има свој уникатен состав. Тие ги победија шампионите на Јужна Америка, Ботафого, со 3-0 и на драматичен начин го елиминираа африканскиот шампион Ал-Ахли.
Тимот се потпира на искуството на 35-годишниот напаѓач Саломон Рондон, кој има долг фудбалски стаж во Англија, Русија и Аргентина, но и на играчи кои имаат настапувано во Ла Лига, како Усама Идриси и Густаво Кабрал.
Тренерот на Пачука, Гиљермо Алмада, е познат во Латинска Америка, но сѐ уште нема толку препознатливо име во Европа.
Овој финален натпревар ќе биде вистински испит за двата тима – Реал Мадрид со своето искуство и големи амбиции да ја продолжи доминацијата во светскиот фудбал, и Пачука, кој ќе се обиде да го шокира шпанскиот гигант и да ја освои титулата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
