Претставници на Реал Мадрид повторно стапиле во контакт со луѓе од опкружувањето на Алфонсо Дејвис, тврди „Билд“.
„Кралскиот клуб“ долго време го следи дефанзивецот на Баерн Минхен и сака да го привлече во својот тим.
Баварците се децидни на својот став и нема да го продадат Дејвис за помалку од 50 милиони евра. Сепак, Реал не е подготвен да извади слична сума за канадскиот интернационалец и претпочита да чека една година за да го земе како слободен играч.
Во последната сезона Алфонсо Дејвис забележа 42 настапи во сите натпреварувања и постигна три гола. Еден од нив беше против Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Баерн му нуди на левиот бек годишна плата од 14 милиони евра, но во оваа фаза тој одбива повторно да потпише.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













