Шпанскиот гигант Реал Мадрид тргнува во акција за ангажман на најпосакуваната ѕвезда во светскиот фудбал, францускиот ас Килијан Мбапе. Неговиот договор со ПСЖ истекува во јуни и тој веќе може слободно да преговара со заинтересираните клубови. Одамна е познато дека негова прва опција е „кралскиот клуб“, а Флорентино Перез ја подготви спектакуларната понуда.
Реал Мадрид ќе му плати фантастични 40 милиони евра на Мбапе за самиот потпис на договорот, со оглед дека ќе пристигне како слободен агент по завршување на сезоната.
Планирано е Французинот да стави потпис за верност на шест години, а за секоја сезона ќе заработи загарантирана плата од 21 милион евра, плус дополнителни бонуси за успесите со „кралскиот клуб“.
Објавата за склучување на договорот е планирана за мај, со оглед дека претстои осминафинална пресметка меѓу Реал Мадрид и Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal