
Реал Мадрид летово не го пронајде напаѓачот кој го посакуваше, по заминувањето на Карим Бензема. Во клубот пристигна Хоселу, кој е единствената вистинска „деветка“ во тимот, а веќе во јануари ситуацијата може да се промени.
Мадриѓаните внимателно го следат напаѓачот на Феенорд, Сантијаго Хименез (22), кој новинарите го прашаа по натпреварот на холандскиот шампион против Атлетико во Лигата на шампионите, што мисли за потенцијалното доаѓање во главниот град на Шпанија.
Хименез не настапи на тој меч, бидејќи одлежуваше казна за црвен картон од минатата сезона.
„Би сакал да играм за Реал Мадрид, секако. Тоа е голем клуб. Тоа би било фантастично“, изјави Хименез, кој беше малку и изненаден од прашањето.
Мексиканецот сезонава веќе постигна десет гола, а посебно се истакна на неодамнешното дерби против Ајакс, кога постигна хет-трик во Амстердам.
Во последната сезона во која Феенорд ја освои титулата во Холандија, тој постигна 33 гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување

Евро-фудбал
Астон Вила заинтересирана за Николас Џексон

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
