Реал Мадрид неодамна оствари убедлива победа (5-2) во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд. Утре ги очекува Ел Класико, каде влегуваат со три бода помалку од Барселона.
Паралелно со тоа, тимот планира засилувања за зимскиот трансфер период, а на нивниот радар е дефанзивецот на Ал-Наср, Ејмерик Лапорт.
Лапорт шест години го носеше дресот на Атлетик Билбао, од каде во 2018 година прејде во Манчестер Сити за 65 милиони евра. Во Сити помина пет сезони пред да се пресели во Саудиска Арабија.
Ова лето, со Шпанија го освои Европското првенство, иако е роден во Франција.
Оваа сезона за Ал-Наср одигра 11 натпревари и постигна два гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













