УЕФА нема намера да го продолжи натпреварувањето во Лигата на шампионите со „одметниците“ кои ја формираа Европската Суперлига. Ова значи дека Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челси ќе бидат исфрлени и од тековното натпреварување. Јеспер Мелер, претседателот на Фудбалската асоцијација на Данска и член на Извршниот комитет на УЕФА, тврди дека тоа ќе се случи до петок.
„Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челси си одат од нашето натпреварување, за тоа нема дилеми. Тоа ќе се случи најдоцна до петок, а потоа ќе се бара решение како да се довршиме сезоната“, изјави Мелер за данските медиуми.
Нејасно е дали на ПСЖ без борба ќе му биде доделен трофејот во ЛШ, или пак ќе бидат „вратени“ поразените тимови од четвртфиналето, Баерн Минхен, Порто и Борусија Дортмунд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













