
Реал Мадрид подготвува нов договор за Тибо Куртоа, со цел да го задржи на „Сантијаго Бернабеу“ до 2028 година, пренесува шпанскиот весник „АС“. Иако актуелниот договор на 33-годишниот голман е со важност до 2026 година, клубот е подготвен да му понуди продолжување на соработката за уште две години.
Разговорите со белгискиот чувар на мрежата се очекува да започнат по завршувањето на Светското клупско првенство. Оваа одлука претставува отстапување од вообичаената практика на клубот, кој ретко нуди долгорочни договори на фудбалери постари од 30 години.
Сепак, и двете страни се заинтересирани за продолжување на соработката, па не се очекува процесот да се одвива со тешкотии. Куртоа, кој долго време важи за еден од најдобрите голмани во светот, останува важен дел од плановите на „кралскиот клуб“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
