Connect with us

Реал Мадрид има „план Б“, ако не успее да го купи Мбапе

Реал Мадрид има и подготвена „замена“, односно „план Б“, доколку пропадне трансферот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, пренесуваат шпанските медиуми. Гигантот од Мадрид ќе се насочи кон офанзивецот на Милан, Рафаел Леао, кого и ПСЖ го гледа како наследник на Мбапе, доколку Французинот реши да замине.


Мбапе планира да донесе одлука за својата иднина во наредните неколку седмици.


Рафаел Леао (24) оваа сезона одигра 26 натпревари за Милан, постигнувајќи шест гола и шест асистенции. Неговата вредност е процената на 90 милиони евра, но во отштетната клаузула стои многу поголема сума од 175 милиони евра.


Договорот на Мбапе со парижаните истекува во јуни 2024 година. Оваа сезона одигра 27 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 28 гола и шест асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови