Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона покажуваат сериозен интерес за ангажман на 26-годишниот француски дефанзивец на Баерн Минхен, Дајот Упамекано. Според информациите на „Foot Mercato“, двата клуба високо ги ценат квалитетите на централниот стопер и се очекува да влезат во директна трка за неговиот потпис.
Сегашниот договор на Упамекано со баварскиот клуб истекува на крајот од сезоната, а преговорите за негово продолжување се во застој и во моментов нема напредок.
Претходно се појавија информации дека се разгледува долгорочен договор, но понудата што му беше доставена не ги задоволила неговите финансиски барања.
Интерес за Французинот покажуваат и англиските клубови Манчестер јунајтед и Ливерпул.
Фудбалерот се приклучи на Баерн во летото 2021 година, кога беше купен од Лајпциг за сума од 60 милиони евра.
Во тековната сезона Упамекано настапил на 14 натпревари за Баерн Минхен во сите натпреварувања, при што забележал една асистенција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













