Актуелниот освојувач во Лигата на шампионите, Реал Мадрид, вечерва (21 часот) на Олимпискиот стадион во Хелсинки ќе се соочи со победникот во Лигата на Европа, Ајнтрахт Франкфурт. Првиот европски пехар, вообичаено, ќе биде поделен во дуелот за Суперкупот на УЕФА.
Реал и Ајнтрахт ќе се сретнат само вторпат. Првата и единствена досегашна пресметка меѓу двата тима беше во финалето на КЕШ во 1960 година, кога „кралевите“ победија со 7-3.
За Реал Мадрид ова ќе биде осми настап во меч за Суперкупот на УЕФА. Досега има четири победи и три порази на овие натпревари. Само Милан и Барселона имаат освоено повеќе вакви трофеи – по пет.
Ајнтрахт ќе дебитира во Суперкупот.
„Кралевите“ го совладаа Ливерпул на „Стад де Франс“ и по 14. пат се искачија на кровот на Европа, додека „орлите“ го победија Глазгов Ренџерс на пенали и го освоија вториот европски трофеј во клупската историја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













