
Капитенот на Реал Мадрид и шпански репрезентативец Серхио Рамос најверојатно ќе го напушти „кралскиот клуб“ на крајот од сезоната. Клубот и одличниот дефанзивец не успеаја да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката. Се поизвесно е дека Рамос ќе замине, најблиску е до Манчестер Јунајтед, а Зинедин Зидан и раководството на Реал Мадрид веќе ја пронајдоа неговата замена.
Пау Торес од Вилјареал треба да биде нов столб во одбраната на „кралевите“. Со оглед дека најверојатно ќе замине и Рафаел Варан, најверојатно новиот стоперски тандем на Реал треба да го сочинуваат Пау Торес и Давид Алаба. И двајцата треба да пристигнат во летниот преоден рок.
Пау Торес чини околу 65 милиони евра, а Давид Алаба ќе пристигне како слободен агент од Баерн Минхен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
