Напаѓачот на Феенорд, Сантијаго Хименез, е на листата на желби на Реал Мадрид, откри шпанското издание „Fichajes“. Мексиканскиот напаѓач е назначен како резервна опција доколку „кралевите“ не успеат да ги реализираат своите главни трансферни цели, Килијан Мбапе и Виктор Осимен.
Феенорд одреди цена од 50 милиони евра за својот фудбалер.
Холандскиот клуб минатата година го доведе Сантијаго Хименез од Круз Азул. Во Феенорд, 22-годишниот напаѓач го откри својот потенцијал и даде голем придонес за титулата на тимот во Ередивизие минатата сезона.
Мексиканскиот интернационалец одлично ја започна новата сезона. Хименез на првите шест натпревари за Феенорд постигна девет гола и даде две асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување













