
Раководството на Реал Мадрид одлучи да го отпушти шефот на медицинскиот тим на клубот, Нико Михиќ поради младата ѕвезда на „белите“ Арда Ѓулер и здравствените проблеми кои ги имаа голем број од играчите на тимот во последните сезони.
Михиќ работи во Реал од 2017 година, но сега дојде време за разделба.
Реал Мадрид е крајно разочаран од ситуацијата со Арда Ѓулер. Младиот фудбалер се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ во текот на летото, но допрва треба да дебитира официјално поради здравствени проблеми.
Од централата на „кралскиот клуб“ се незадоволни од методите и пристапот на Михиќ кон Ѓулер. Турчинот се очекуваше да настапи на мечот против Валенсија, но претходно ја обнови повредата што ја имаше претходно.
Случајот на Ѓулер не е единствениот во кој играчот не успева да се опорави на најдобар можен начин. Слични ситуации имаше и со играчи како Карим Бензема, Давид Алаба и Дани Себалјос, кои исто така беа лекувани од истиот лекар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Реал без Камавинга на стартот од сезоната
