
Шпанскиот гигант, најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид, е заинтересиран за македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Тој е меѓу тројцата кандидати за наследник на Андриј Лунин, украинскиот голман кој ова лето ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“, откриваат шпанските медиуми.
Покрај Столе Димитриевски, во најтесен избор се и Давид Сориа од Хетафе, како и Фернандо Пачеко од Еспањол.
Секако, засега Тибо Куртоа е неприкосновената „единица“ на голот на Реал Мадрид, но и самото вбројување на Димитриевски меѓу тројцата кои се во најтесна конкуренција за доаѓање во „кралскиот клуб“ е уште едно огромно признание за Столе Димитриевски. Тој имаше уште една одлична сезона на голот на Рајо Валјекано.
Столе Димитриевски претходно беше цел на интерес и на Барселона, но трансферот, сепак, не се реализираше.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
