Репрезентативната пауза полека завршува, а Реал Мадрид во недела ја продолжува сезоната со гостување кај Хетафе во Ла Лига. До тогаш, во клубот се надеваат дека барем дел од повредените играчи ќе се вратат, но шансите за тоа се мали.
Според информациите на „Атлетик“, Дин Хаусен ќе го пропушти натпреварот против Хетафе. 20-годишниот дефанзивец го напушти кампот на шпанската репрезентација поради мускулна повреда. Првичните проценки беа дека ќе паузира околу десет дена, што му даваше надежи за настап во недела, но најверојатно нема да биде подготвен. Реал се надева дека ќе биде на располагање за дуелот со Јувентус следната недела, а потоа и за големото дерби против Барселона.
Покрај него, тренерот Чаби Алонсо нема да може да смета ниту на Трент Александер-Арнолд, Дани Карвахал, Ферлан Менди и Антонио Рудигер. Како можно решение, Алонсо размислува да го постави Федерико Валверде на позицијата десен бек, додека централниот дефанзивен тандем најверојатно ќе го сочинуваат Едер Милитао и Раул Асенсио.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













