
Реал Мадрид ќе биде без Карим Бензема и Едуардо Камавинга на гостувањето против Џирона, објави тренер на актуелниот шпански шампион, Карло Анчелоти.
„Бензема и Камавинга нема да играат на овој натпревар. Дани Себалјос исто така ќе одмори бидејќи има жолти картони. Мислам дека ќе се вратат на теренот против Алмерија. Бензема е исклучително важен за нас и мора да го одмориме. Тој покажа фантастично ниво. Доколку е здрав ќе биде во тимот за првенствената средба со Алмерија“, изјави италијанскиот стратег.
Давид Алаба исто така продолжува со опоравувањето од повредата и се очекува да настапи во финалето на Купот на Кралот против Осасуна на 6 мај во Севилја.
Надвор од составот на „кралевите“ за денешниот меч е и Ферлан Менди.
Реал Мадрид е на второто место на табелата во Ла Лига, со 11 бода помалку од лидерот Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
