Реал Мадрид се врати на победничкиот пат откако ја совлада Осасуна на „Сантијаго Бернабеу“ со убедливи 4-0. Екипата на Карло Анчелоти конечно покажа одлична ефикасност, иако стручниот штаб се соочи со нови проблеми поради повредите на Едер Милитао, Лукас Васкес и Родриго.
Винисиус Жуниор одигра одличен натпревар и постигна хет-трик, додека Џуд Белингам го постигна својот прв гол оваа сезона. Во тимот дебитираше и младиот стопер Раул Асенсио, кој влезе на местото на повредениот Милитао.
Винисиус Жуниор донесе предност во 34. минута, а Џуд Белингам зголеми на 2-0 пред крајот на првото полувреме.
Во вториот дел, Винисиус постигна уште два гола, со што го завери убедливиот триумф на Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













