
Реал Мадрид планира да направи рекорден трансфер за централен дефанзивец со потенцијалниот ангажман на Вилијам Салиба од Арсенал, пренесува каталонскиот весник „Спорт“.
„Кралевите“ наводно веќе го испитале интересот на играчот и добиле позитивни сигнали. Преговорите се водат во тајност, со цел да се избегне медиумска врева и да се обезбеди дискретност во целиот процес.
Салиба има договор со Арсенал до 2027 година, а Реал Мадрид е подготвен да понуди сума од 100 милиони евра или повеќе за да го обезбеди неговиот потпис. Со тоа би бил поставен нов рекорд за трансфер на одбранбен фудбалер, надминувајќи ги претходните најголеми суми во овој сегмент.
Вилијам Салиба му се приклучи на Арсенал во 2019 година и стана клучен играч во тимот на Микел Артета. Неговата моментална вредност е проценета на 80 милиони евра, што го прави еден од најпосакуваните дефанзивци во светот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal