
Манчестер Јунајтед го посакува Рафаел Варан и е подготвен да го понуди Пол Погба во замена за францускиот стопер. Оваа вест денеска ја пласираше мадридски „АС“ кој посочува дека Јунајтед е свесен дека ќе биде тешко да се задржи Погба, и дека можат да го користат како размена за најпотребното засилување – Рафаел Варан.
Францускиот стопер ја одби понудата на Реал, тој влегува во последната година од договорот, исто како и Пол Погба, така што оваа размена сепак има смисла.
Погба беше голема желба на Зинедин Зидан, а сепак, иако Французинот си замина, играчот за врска на Јунајтед би бил важна алка во тимот на Карло Анчелоти.
Триото Кашемиро, Модриќ, Крос е незаменливо веќе пет години и јасно е дека им треба освежување и конкуренција. Реал го има Феде Валверде, но тој често играше на десната страна, па сигурно ќе има простор за Погба.
Што се однесува до Варан, Јунајтед е една од неговите две опции, заедно со Пари Сен Жермен, и се чини дека не би имал ништо против да оди на „Театарот на соништата“.
Сè на сè, Пол Погба и Рафаел Варан, како светски шампиони и едни од најдобрите на светот на своите позиции, сигурно би биле дел од најголемата клупска размена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
