Connect with us

Реал без Модриќ против Осасуна и против Шахтјор

Лука Модриќ заработи повреда поради која ќе мора да паузира десет дена. Оваа вест беше потврдена денеска, бидејќи Модриќ по репрезентативната пауза се врати во Мадрид.


Модриќ ги одигра сите 180 минути против Данска и против Австрија.


Модриќ поради повреда ќе ги пропушти натпреварите со Осасуна во Ла Лига и со Шахтјор Доњецк во ЛШ, а би можел да се врати следниот викенд кога Реал гостува кај Хетафе.


Реал Мадрид е лидер во Ла Лига со максимални 18 бодови, а во Лигата на шампионите има шест бода од два натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови