
Трите европски гиганти Реал Мадрид, Барселона и Јувентус не се откажуваат од Суперлигата иако ова натпреварување пропадна пред и да започне. Според „Фајненшл тајмс“, трите клуба ги обвинуваат ФИФА и УЕФА за кршење на стандардите и законите на Европската унија кои дозволуваат фер пазарна конкуренција.
Двете најголеми организации во светот, тврди истиот извор, обезбедуваат и монопол над фудбалот уништувајќи ја Суперлигата.
Наводно, шпанска компанија што ги претставува клубовите од Суперлигата ќе го однесе случајот до Европскиот суд на правдата и ќе побара проценка на фактот дека на УЕФА и ФИФА им е дозволено да ги санкционираат клубовите доколку се приклучат на конкурентска организација додека остваруваат профит од нивните Лиги на шампиони и националните шампионати.
Суперлигата е замислена како натпреварување на 12-те најбогати клубови во Европа. По серијата протести ширум Европа, најмногу во Англија, девет од 12-те клуба се повлекоа од Суперлигата, со што барем засега заврши сонот за вакво натпреварување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
