
Македонскиот прволигаш Воска Спорт излезе со реакција за судењето на мечот против Силекс (0-0) во Охрид. Според нив, главниот судија Тефику во неколку наврати донел одлучки на штета на домашниот тим.
„Одлуките на кумановарскиот судијата и неговите помошници Мартин Дејановски и Александар Ѓурковски сериозно му наштетија на нашиот тим. Во следниот материјал споделивме дел од моментите кога нашиот тим беше директно оштетен“, се вели во реакцијата на Воска Спорт.
Во 11. минута нашиот фудбалер Шаркоски доживеа тешка повреда со скршена вилица, но судијата не досуди пенал.
На крајот од првото полувреме, сме ускратени за чист гол, каде што топката јасно се гледа како ја преминува гол-линијата.
Јахја во 54. минута е соборен во шеснаесетникот, но Тефику не досуди пенал.
Во 59. минута нашата акција е прекината поради „офсајд позиција“!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал влегува во трка за трансферот на Родриго
