Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, не можеше да верува дека неговиот тим загуби со 4-3 од Челси со два гола после 100.минута. „Црвените ѓаволи“ водеа со 2-3 до последните секунди, но примија два гола длабоко во судиското продолжение и заминаа поразени од „Стемфорд Бриџ“.
„Да, почнавме лошо и не се браневме како што треба. Но, видовте дека после тоа почнавме да доминираме. Нашата игра беше блескава и заслуживме да победиме. Не можеме да дозволиме победата така да ни се лизне од раце. Мора да научиме да ги контролираме натпреварите.
Лесно можеме да обвиниме еден фудбалер, но ова е тимска игра. Кога станува збор за хаос, целиот тим мора да се справи со тоа, а ние донесовме погрешни одлуки и не си помагавме. Ни недостигаше концентрација во играта без топка и тоа се покажа фатално. Дополнително, на противникот му се посреќи и пеналот на крајот. Одлуката беше контроверзна, но моравме подобро.
Поразот е разочарувачки, но покажавме дека играме фудбал на високо ниво. Резултатите се многу важни и мораме да почнеме редовно да победуваме“, изјави Тен Хаг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













