Connect with us

Раздор во Баерн: Тухел е незадоволен од игрите на Кимих

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, сака клубот да привлече нов дефанзивен играч за врска, а тоа ги загрижува и раководството на клубот и играчите.


Желбата на Тухел е поврзана со лошата форма на Џошуа Кимич. Германскиот интернационалец е комотен во улогата на дефанзивен играч за врска, a тренерот верува дека би бил покорисен во понапаѓачка улога.

Тухел имал разговор со Кимих во кој му посочил дека е незадоволен од неговите многубројни грешки и тоа што ја забавува играта на тимот. Критиките на тренерот сигурно нема да придонесат за довербата на играчот од средниот ред, кој е еден од предводниците на Баварците.

Кимих минатата сезона во Бундеслигата забележа 33 настапи и постигна пет гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови