
Шпанскиот тим Вилјареал вечерва во Белфаст (21 часот) ќе се соочи со европскиот првак Челси за трофејот во Суперкупот на УЕФА. Освојувачот на пехарот во Лигата на Европа ќе се обиде да го победи и најдобриот тим за минатата сезона во елитното натпреварување.
„Знаеме дека не очекува 90 минути, а можеби и повеќе, страдање и напорна работа, но сакаме да им донесеме радост на нашите фанови. Вилјареал е тим кој умее да ги победи најдобрите и тоа сме го докажале неколкупати. Ние сакаме да растеме како тим, така што ова е одлична можност да се игра против врвен тим. Ќе се обидеме да победиме“, изјави искусниот дефанзивец на Вилјареал, Раул Албиол.
Мечот за Суперкупот на УЕФА ќе се одигра вечерва (21 часот) на „Виндзор парк“ во Белфаст.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
