Вардар е пред распад, целиот тим најавува заминување откако фудбалерите преку соопштение целиот гнев го истурија на неспособната управа и порачаа дека веќе не сакаат никој да ги лаже. Клубот е во долгови од околу 3 милиони евра, фудбалерите немаат земено плати речиси две години, а нема ниту решение на повидок.
Почитувана македонска и спортска јавност,
Ова е соопштение од сите фудбалери на ФК Вардар. За жал вчера ја дознавме нашата судбина и судбината на клубот која е разочарувачка и после толку трпение, чекање, непочитувањето кон фудбалерите, тренерите, целата администрација и вработени во клубот не заслуживме ваков крај. Благодарни сме на нашиот газда што вложуваше толку во клубот, а на крај не разочара сите и не остави на цедило.
Голема срамота до управата на клубот која има шампионска екипа и наместо да игра во Лигата на шампионите и да продава фудбалери, тие дозволија клубот да го допре дното. Ние фудбалерите секогаш го остававме срцето на терен, се боревме со срце за боите на светиот дрес , имавме прекрасна атмосфера, имавме феноменални навивачи (Комити) и многу е жално што треба на таков неславен начин да се разделиме.
Сите фудбалери бевме спремни да останеме во Вардар, но со тие лаги не можеме повеќе да издржиме. Сите ние имаме семејства и нормално треба да гледаме за во иднина . Уште еднаш сакаме да се заблагодариме на сите кои верувавте во нас и не поддржувавте до самиот крај . Вардар е голем тим, Вардар е најголем бренд во Македонија, нема подобро чувство кога ќе го облечеш тој дрес, затоа тој клуб не смее да згасне и спасете што побрзо за доброто на цела Македонија“, напишаа во соопштение фудбалерите на Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Интернационалци
Јетон Беќири официјално го презеде кормилото на Габала
Интернационалци
Јетон Беќири заминува на печалба во Азербејџан?
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













