
Англискиот репрезентативец и напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, ќе го оперира рамото, што може да го остави надвор од терените во наредните три месеци. Клубот од „Олд Трафорд“ соопшти дека по консултации со менаџерот Оле Гунар Солскјер и медицинскиот тим на клубот, било решено Рашфорд, кој долго време има проблем со рамото, да замине на операција.
Иако не е потврдено од клубот, англиските медиуми наведуваат дека Рашфорд поради операцијата би можел да остане надвор од терените три месеци. Тоа значи дека ќе пропушти поголем дел од сезоната.
Рашфорд минатата сезона одигра 57 натпревари за „црвените ѓаволи“ и постигна 21 гол. Тој играше и во дресот на репрезентацијата на Англија на годинашното Европско првенство, а гордиот Албион го освои второто место.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
