Connect with us

Рашфорд ќе биде „фит“ за дербито на Манчестер

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, ќе му биде на располагање на менаџерот Ерик тен Хег за градското дерби на Манчестер на крајот од оваа седмица. Англискиот репрезентативец повредата ја заработи за време на пресметката со Арсенал на почетокот на септември. На тој меч постигна два гола, а претходно погоди и во дербито со Ливерпул.


Повредата го исклучи Рашфорд од следните натпревари на Јунајтед, како и на натпреварите од Лигата на нации за репрезентацијата на Англија.


Рашфорд веќе тренира и ќе биде на располагање за неделниот важен дуел за Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови