Connect with us

Рангник нема да биде ни консултант во Манчестер Јунајтед следната сезона

Ралф Рангник нема да продолжи во Манчестер Јунајтед како консултант следната сезона. Ова денеска го потврди клубот од „Олд Трафорд“ откако постигнал таков договор со довчерашниот менаџер, кој сега ќе се фокусира на селекторската позиција во репрезентацијата на Австрија

„Сакаме да му се заблагодариме на Рангник за неговата работа како привремен менаџер во изминатите шест месеци. Донесовме взаемен договор дека тој сега ќе се фокусира само на неговата улога како менаџер на Австрија. Тој нема да ја извршува функцијата на консултант и сакаме да му посакаме многу среќа во неговата нова етапа во кариерата“, се вели во соопштението на Манчестер Јунајтед.

Рангник дојде како привремен менаџер до крајот на минатата сезона, но не успеа да оствари очекувани резултати со „црвените ѓаволи“. Негов наследник на клупата е Ерик тен Хаг.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови