Connect with us

Рамос за неиграњето на СП во Катар: Сонцето ќе изгрее и утре

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис Енрике, пред неколку дена го објави списокот со играчи кои ќе ги одведе во Катар на Мундијалот, а најголем шок за многумина беше отсуството на Серхио Рамос. Поранешниот капитен на Шпанија одигра 180 натпревари за националниот тим и конечно е целосно здрав и фит, дел од стартниот тим на Пари Сен Жермен.


Оттогаш се чекаше реакцијата на Рамос, а пристигна на Инстаграм.

„Минатата сезона беше напорна поради повредите и навикнувањето на нов клуб и нов град. Целосно се посветив на опоравување, со цело тело и душа, следејќи ги моите цели и амбиции. За среќа, можам да кажам дека оваа сезона се чувствувам добро, што повторно уживам во фудбалот играјќи за голем клуб во голем град“, започна тој, а потоа се сврте кон Светското првенство:

„Светското првенство беше голем сон и се надевав дека ќе одам. Тоа ќе беше мое петто Светско првенство, но за жал ќе морам да го гледам од мојот дом. Тешко е, но сонцето ќе изгрее и утре. Не би менувал ништо кај себе. Ни менталитетот, ни страста, ни посветеноста, трудот, размислувањето за фудбалот 24 часа на ден. Така се чувствувам и сакав да го споделам тоа со вас. Ви благодарам за поддршката. Има уште многу предизвици. Се гледаме наскоро“, напиша Рамос со порака дека и посакува се најдобро на шпанската репрезентација во Катар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови