Connect with us

Рамос ниту овој викенд нема да дебитира за ПСЖ

Серхио Рамос нема да дебитира за Пари Сен Жермен ниту претстојниот викенд. Според информации на „Л’Екип“, посакуваниот момент за негово излегување на теренот со францускиот тим ќе мора да почека малку подолго.


Рамос нема да биде во тимот на ПСЖ на саботниот натпревар против Клермон во Лига 1, а веројатно ниту во Лигата на шампионите против Бриж в среда.

Шпанскиот интернационалец кој пристигна летово од Реал Мадрид, првично требаше да дебитира по репрезенативната пауза, но, сепак, лекарскиот тим одлучил со него да се оди постепено, за да не дојде до обновување на повредата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови