Connect with us

Рамадани: Струга ТЛ сака пласман во следната рунда од Купот

Струга Трим Лум подолг период е без победа, а во последното првенствено коло не успеа да го победи Борец играјќи 1-1. Денеска ќе има шанса за поправен против истиот ривал во Купот на Македонија.


Младиот фудбалер Бесир Рамадани се надева дека тимот ќе им се врати на победите.

„Не очекува еден тежок натпревар против Борец. Максимално сме концетрирани и мотивирани за овој натпревар, одиме на победа, целта е јасна, да се пласираме понатаму во Купот на Македонија. На претходниот натпревар гостите од Велес не казнија при крајот, овојпат верувам дека ќе ги разрешиме работите порано“, изјави Бесир Рамадани.

На останатите натпревари од осминафиналето на Купот се среќаваат: Шкендија – Ренова, Пелистер – Работнички, А.Пандев – Македонија ЃП, Вардар – Скопје, Брегалница – Охрид, Беласица – Силекс, Шкупи – Тиквеш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови