
Севилја вечерва го пречекува Јувентус во реваншот од полуфиналето на Лига Европа. Првиот натпревар во Торино заврши 1-1, па патникот во финалето ќе се решава во Андалузија.
Искусниот Иван Ракитиќ ги повика навивачите да го поддржат тимот и најави дека ќе го „запалат“ стадионот.
„Ќе го запалиме Санчез-Пижуан. Сакаме да играме во ново финале, во тоа нема дилеми“, изјави Ракитиќ. „Но, не треба да бидете премногу паметни за да заклучите дека Јувентус е фаворит. Вистина е дека одигравме добар натпревар во Торино. Мораме да одиграме совршен натпревар вечерва ако сакаме да го елиминираме италијанскиот тим. Тоа нема да биде лесно, но ние ќе дадеме сѐ од себе“, истакна хрватскиот интернационалец.
Тој не размислува за заминување иако има уште една година од договорот со Севилја.
„Мислам дека луѓето во клубот знаат што сакам. Тоа е многу јасно. Не сакам да добијам уште една година од договорот поради моето име и само затоа што маскотата на клубот мора да остане. Сакам да бидам важен за тимот и да придонесувам. Се надевам дека ќе го продолжам договорот за уште неколку години“, дополни Ракитиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
