Connect with us

Рајо Ваљекано го продолжува договорот на Фалкао

Колумбискиот интернационалец Радамел Фалкао ќе го продолжи договорот со Рајо Ваљекано до 2023 година. Тој пристигна како слободен агент и постигна неколку важни голови за тимот кој е најпријатното изненадување во Ла Лига.


Актуелниот договор на напаѓачот е со важност до крајот на јуни 2022 година. Рајо сака да го задржи уште една дополнителна сезона.

Фалкао му се приклучи на Рајо Ваљекано изминатото лето и оваа сезона веќе постигна пет гола во дресот на новиот клуб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови