Connect with us

Рајан Мејсон посакува да остане на кормилото на Тотенхем

Привремениот менаџер на Тотенхем, Рајан Мејсон, изрази желба трајно да остане на оваа функција. Поранешниот играч за врска на Тотенхем го предводи тимот по двете досегашни тренерски промени во сезоната.


Првично, тој беше дел од стручниот штаб на Антонио Конте, а потоа мораше да работи во тандем со уште еден од тогашните асистенти – Кристијан Стелини.

Стелини, сепак, во еден момент си замина, по што Мејсон остана сам на чело на „мамузите“.
Планот беше тој да ги води лондончани само до крајот на сезоната, а за тоа време управата да најде менаџер.

„Се чувствувам подготвен да му помогнам на Тотенхем во овој момент и имам целосна доверба во моите играчи. Им верувам на луѓето во клубот. Се разбира, оваа одлука мора да ја донесе раководството. Лично, продолжувам да бидам сигурен во своите квалитети и во оние на другите тренери“, изјави Мејсон.

Досега, Мејсон на три натпревари беше на чело на Тотенхем и оствари победа против Кристал Палас (1-0), пораз од Ливерпул (3-4) и реми против Манчестер Јунајтед (2-2).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови