Претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, се пофалил на своите блиски соработници дека на лето Ерлинг Халанд ќе пристигне на „Камп Ноу“. Но, дотогаш каталонскиот гигант ќе мора значително да ја подобри финансиската состојба и да обезбеди доволно пари за да го реализира овој сензационален трансфер.
Лапорта е оптимист дека ќе успее да ја санира финансиската ситуација, а од Раиола добил ветување дека ќе го има Халанд во Барселона доколку тоа може да го плати.
Отштетата за Халанд изнесува 75 милиони евра, а уште најмалку толку ќе бидат потребни за провизиите за Раиола и за таткото на напаѓачот на Борусија Дортмунд.
Во Барселона, Халанд би добил гаранција дека ќе биде лидер на проектот, без други поголеми ѕвезди од него, а најверојатно тогаш ќе гледаме нов судир на најдобрите, затоа што Килијан Мбапе ќе го носи дресот на Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













