
Бразилската ѕвезда на Барселона, Рафиња, постигна хет-трик во победата од 4-1 против Баерн Минхен во Лигата на шампионите. По натпреварот, тој сподели дека најдобриот негов натпревар за клубот допрва претстои.
„Дали ова беше мојот најдобар натпревар за клубот? Ова беше еден од најдобрите, но најдобриот допрва доаѓа“, изјави Рафиња, кој беше капитен на каталонскиот тим на натпреварот.
„Ова можеше лесно да биде финале на турнирот. Да победуваме на ваков начин, и тоа пред нашите навивачи, е најубавото нешто. Немам зборови да опишам како се чувствуваме. Мислам дека нашата игра на теренот зборува доволно. Секогаш сум сонувал да играм во големи дерби натпревари како овој и да имам важна улога во нив. Дури и во најсмелите соништа не сум замислувал дека мојот 100-ти натпревар за Барса ќе биде ваков“, продолжи Рафиња.
На прашањето за „Златната топка,“ тој одговори: „Златната топка е многу далеку, во моментов сум фокусиран на тоа да му помогнам на клубот.“
На Барселона сега и претстои Ел Класико, дуелот со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.
„Во Ел Класико секогаш шансите се 50 – 50. И двата тима влегуваме во натпреварот во добра форма, поради што е тешко да се каже кој е фаворитот“, посочи Бразилецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
