Германскиот првак Баерн Минхен го купува Рафиња, офанзивецот на Лидс Јунајтед за 50 милиони евра. Тој веќе на почетокот на јануари треба да пристигне на „Алијанц арена“.
Клубот од Минхен е неверојатно добар да го прикрие трансферот, но овојпат тајните протекоа во Бразил.
Бразилските медиуми открија дека Рафиња од Лидс наскоро ќе стане нов играч на Баерн. Овој бразилски репрезентативец игра на позицијата крилен напаѓач, а досега има настапувано за Аваи, Виторија Гимараеш, Спортинг, Рен, а сега е член на Лидс.
Оваа сезона за Лидс постигна осум гола, а менаџерот Марсело Биелса имаше голема доверба во него.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













