Дефанзивецот на Франција, Рафаел Варан, одлучи да се откаже од настапите во репрезентацијата. Фудбалерот реши да објави крај откако веќе почувствувал прекумерен физички и психички напор поради напорниот распоред. Покрај тоа, Варан сака да посвети повеќе време на своето семејство.
29-годишниот играч на Манчестер Јунајтед има 93 настапи и пет гола за репрезентацијата на Франција. Последниот настап на Варан беше во драматичното финале против Аргентина на Светското првенство во Катар, кога загуби на пенали, а беше на теренот 113 минути и беше заменет во продолженијата.
Фудбалерот беше светски шампион со Франција во 2018 година, а со националниот тим ја освои Лигата на нации во 2021 година.
Претходно репрезентацијата на Франција ја напуши капитенот Хуго Лорис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













