Connect with us

Радост за Барди и соиграчите: Трабзон го доби дербито со Фенербахче

Актуелниот шампион Трабзонспор успеа да го совлада Фенербахче со 2-0 и резултатски се врати во трката за одбрана на титулата во првенството на Турција. Фенербахче и натаму е лидер, но сега Трабзонспор има само три бода помалку.

Ова беше дуел на клубовите за кои настапуваат двајцата македонски репрезентативци Енис Барди и Езгјан Алиоски. Сепак, Алиоски е повреден и не настапи за гостите, а Барди доби шанса за настап од 76.минута.

Максимилијано Гомез во 61.минута донесе предност за Трабзонспор, а во последните мигови од судиското продолжение Трезеге го постави конечниот резултат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови