Connect with us

Радески: Најважно е дека Шкупи победи

Шкупи успеа да го совлада Работнички со 0-1 на арената „Тодор Проески“ и ја одржува предноста од осум вода во однос на Шкендија. Марјан Радески беше стрелец на победничкиот гол, а вели дека повеќе се радува на триумфот отколку на постигнатиот погодок.


„Ова се три важни бода за нашиот тим. На секој натпревар даваме максимум и се надеваме дека ќе продолжиме вака додека не уживаме со нашите навивачи и не ја донесеме титулата во Чаир. Голот беше важен, но повеќе ме радува фактот што успеавме да дојдеме до трите бода, кои мислам дека ги заслуживме бидејќи доминиравме во играта од почетокот до крајот“, изјави Марјан Радески за клупскиот сајт на Шкупи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови