Шкупи забележа минимална победа над Тиквеш (1-0) со голот на Марјан Радески. На ова претходеа и контроверзни судиски одлуки, но стрелецот вели дека на крајот најважни се трите бода. Посебно што денеска „кикснаа“ и Академија Пандев и Шкендија.
„Беше тежок натпревар, ама на крајот трите поени се важни. Ја заслуживме оваа победа затоа што имавме иницијатива од стартот на средбата. Среќен сум за голот и сакам да им се заблагодарам на соиграчите затоа што без нив немаше да може да погодам. Мислам дека сме на вистински пат кон шампионскиот трон, овој тим и навивачите тоа го заслужуваат“, изјави Радески.
Шкупи ја зголеми позитивата на врвот во однос на првите следбеници.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













