
Македонскиот првак Струга Трим Лум го елиминираше црногорскиот шампион Будуќност во второто коло од Конференциската лига и во следната рунда ќе игра против Есперанж од Луксембург. Херој на стружани беше Марјан Радески, кој постигна хет-трик на реваншот во Подгорица, а еден гол постигна и Бесарт Ибраими.
Радески изјави дека им се заблагодарува на соиграчите за головите, бидејќи без нивна помош немаше да успее да стори такво нешто.
„Одлична игра од сите нас. Драго ми е што тимот ми помогна да го постигнам првиот хет-трик во европските натпреварувања. Навистина сум многу благодарен, бидејќи да не беа моите соиграчи, немаше да го постигнам овој успех. Ова е навистина неописливо чувство за мене индивидуално, но и за тимот, бидејќи на овој начин му помогнав на тимот да ја испише најновата историја. Слободно можам да кажам дека ние во Струга Трим Лум функционираме како семејство, па не ни недостигаат успеси. Сите фудбалери го даваат својот максимум на теренот, а пред сѐ се трудиме строго да ги следиме советите на тренерот Шпетим Дуро кој одлично си ја врши работата со тимот“, изјави Марјан Радески.
Сепак, нема многу време за радост, затоа што сега Струга Трим Лум се фокусира на следните предизвици.
„Синоќа забавата беше наша, што всушност е нешто нормално по овој успех. Од денеска се фокусираме на следните натпревари, нѐ очекува првенствената пресметка против Гостивар, а потоа и натпреварот од третото коло против Есперанж. Нозете на земја и тимски одиме чекор по чекор“, заврши Радески, кој по хет-трикот ја доби и топката за спомен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
